АктуелноЛокално

О2 коалиција за чист воздух покажа како Макрадули манипулира со фактите

Реакција на иницијативата „O2 коалиција за чист воздух”.

Минатиот понеделник во дебатата на 1ТВ  „Ќе има ли чист воздух во Скопје?”, во прилогот заменик министерот за животна средина Јани Макрадули изјави дека „во PM10 честичките и во PM2.5 честичките 91% учествува загревањето од дрва. Тоа го кажуваат сите анализи. За жал, 24% од граѓаните во Скопскиот агломерациски регион се греат на парно, 42% се греат на дрва“.
 
Вака дадената изјава шири дезинформации во јавноста и не смее да се дозволи, особено не од заменик министер за животна средина. Јавноста заклучува дека од измерените, пример 120 µg/m3 за PM10 во Ректорат, 91% доаѓа од загревањето со дрва. Што е неточно. Уште се тврди дека сите анализи го кажувале тоа. Кога веќе се лицитира со бројки, мора да се има точно објаснување и егзактност, што во случајов го нема.

Кредибилитетот на она што го говори заменик министерот за животна средина, со оглед на претходно дадени изјави каде точноста исто била проблематична, се сведува на непостоечки, го нема. Што е само по себе проблем за понатамошно делување на таа функција. 
Кои се тогаш податоците за процентот на учеството на загревањето со дрва во PM10 и PM2.5, процентот на домаќинствата кои се греат на парно и тие кои се греат на дрва? Со оглед дека Макрадули сака да ѝ верува на науката, сака да им верува на бројките, бројките го кажуваат следното:
• Според т.н. Финска студија, каде се мерени тешки метали, полициклични ароматични јаглеводороди (PAH), главни јони (Ca, Cl, K, Mg, оксалат, Na, NH4, NO3, SO4) моносахариди анхидриди (левоглукосан, маносан и галактосан) и црниот јаглерод во суспендираните честички (PM10) во воздухот, кај мерната станица во Карпош, од август/октомври 2015 до март 2016:32% од вкупната маса на загадување со PM10 честички и
36% од вкупната маса на загадување со PM2.5 честички, потекнува од согорување на биомаса, а се однесува на греење во домаќинствата/ГРЕЕЊЕ СО МАЗУТ.
• Според УНДП анкетата за начинот на загревање на домаќинствата во Скопскиот регион (општините Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер-Сандево, Шуто Оризари) спроведена од 3 до 31 јануари 2017, на примерок од 5044 домаќинства, од кои 71.1% се домаќинства во урбани населби, а 28.8% во села во околината на градот Скопје:
47% од домаќинствата користат цврсто гориво за загревање (огревно дрво, јаглен, пелети, брикети или друго цврсто гориво)
31% за загревање употребуваат електрична енергија
21% се приклучени на централно греење
38.7% од домаќинствата во урбаните средини и 12% во руралните средини користат електрична енергија
29.8% од домаќинствата во урбани средини и 0% во рурални средини се поврзани на системот за централно градско греење
28.2% од домаќинствата во урбани средини и 85.7% во рурални средини користат дрва за загревање
• Според Државниот завод за статистика за 2014 во Скопскиот регион (општините Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер-Сандево, Шуто Оризари):
38.10% од домаќинствата се загреваат со употреба на електрична енергија
32.32% од домаќинствата се загреваат на огревни дрва
28.79% од домаќинствата се приклучени на централно греење• Според Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во агломерацијата Скопски регион (општините Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер-Сандево, Шуто Оризари) од јануари 2017:Се проценува дека 91% од емисиите на PM (директно испуштени во воздухот) се должат на неиндустриски сектор/греење во домаќинствата. Ова е проценка, не е бројка добиена од точни мерења на емисиите од сите сектори кои се разгледувале (сообраќај, индустриско производство, производство на енергија, управување со отпад, земјоделски активности, градилишта). Со оглед на недоволниот број на мерења во секторите, недостаток на точни податоци врз основа на кои количините на емисии на PM би се процениле, оваа бројка е во голема мера дискутабилна.

Најбитниот податок е разграничување на оваа бројка, која се однесува на емисии на ПРИМАРНИ PM честички, тие кои директно се испуштаат во воздухот, од ВКУПНАТА количина на PM во воздухот, вредноста која се мери од мерните станици во Лисиче, Гази Баба, Ректорат, итн.
За тоа колкав е уделот на примарните PM10 во вкупните PM10, во земјите на Европа (ЕЕА-32) за 2007 емисијата на примарните PM10 честички е многу мала, некаде околу 12% во однос на вкупното количество на PM10.