АктуелноЛокално

Ковачевски: Хибридната војна и хакерските напади се виновни затоа што нема плата за здравствените работници

Платите на здравствените работници не се исплатени, а Ковачевски во насока на своите генијални изговори за овој проблем ја обвини хакерските напади и хибридната војна која се води во Европа. Страница на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) не е во функција веќе со денови.

Сe работи за хакерски напад на ФЗОМ, за ист тип хакерски напад каков што имаа Министерството за земјоделство пред извесен период и некои други институции. Се работи за напад кој е дел од хибридната војна што се води моментно во Европа покрај класичната војна во Украина по нападот од страна на Русија.

Ковачевски апелира до корисниците на ФЗОМ да бидат трпеливи, зашто, како што напомена, се прават максимални напори да нема застој во давањето на услугите. Тој најави експертски тимови од Германија кои ќе го решаваат проблем.

На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави и тоа особено членки на НАТО. Сетете се само на хакерските и на сајбер нападите што беа во Албанија и во Црна Гора и во други држави. Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗОМ по различни основи.

Потсетуваме дека откако почина Благојче Илиевски болен од Цистична фиброза поради тоа што државата не го обезбеди лекот „Трикафта“, Ковачевски за овој пропуст на Владата тогаш ја обвини Бирократијата.