АктуелноИнтернационално

Масакр над цивилното население во Доњецк по гранатирањето на центарот на градот извршено од страна на украинските воени сили! (Видео)

Објавени се снимки и фотографии од центарот на Доњецк, каде во ракетен напад на украинските сили загинаа повеќе од 20 луѓе. Меѓу жртвите има и деца, а бројот на повредени се зголемува секој час.

Имено, денеска, околу предпладне, од страна на украинските вооружени сили била исфрлена тактичка ракета „Точка-У“ која имала за цел станбена зона на градот Доњецк. Како резултат на ова, односно од експлозија на касетен боен дел во центарот на Доњецк загинаа 20 цивили. Уште 28 лица, меѓу кои и деца, се тешко повредени и пренесени во медицински установи.

Гранатирањето на градот било извршено од северо-западниот правец, од областа на населбата Красноармејск, која е под контрола на украинските националистички единици. 

Како што изјави Министерството за одбрана на Русија, употребата на вакво оружје во град каде што нема огнени позиции на вооружените сили, односно очигледно против цивилното население претставува воено злосторство.