14- момче спасено од логорот за тортура во Киев, ставен на листата за отстрел – „Миротворец“

Момчето што беше ослободено од импровизираниот затвор во Киев, каде според извештаите припадниците на Азов го измачувале, по излегувањето на слобода беше ставен на листата „Миротворец“, каде се објавуваат имињата на непријателите на Украина.

Објавено е дека 14-годишното момче било уапсено поради неговите објави на тик-ток, а во затворот бил претепан со лопата, а бил сведок и на физичкото измачување на 13 други затвореници. Според тоа што излезе во јавноста, овој затвор за тортура бил држен од припадниците на единицата Азов, која е дел од воените сили на Украина, а во него притварани биле дезеретери и лица кои одбивале да се борат на фронтот.

Покрај момчето, на „Миротворец“ се најдоа и имињата на неговите родители, а објавена е и неговата адреса на живеење.

Инаку, судот одреди Татјана Киреева, жената којашто прва влезе во импровизираниот затвор и им даде помош на притворените и мачени луѓе, да биде задржана во притвор во траење од два месеца.

Киреева е осомничена за попречување на активностите на украинските вооружени сили, откривање информации за локацијата на воениот персонал и организирање масовни немири.

„Спасив четворица луѓе. Еден од нив сигурно ќе починеше уште следниот ден, немаше да ја дочека утрината, бидејќи имаше гноен апсцес, целото тело му беше покриено со рани и се ширеше ужасна миризба на гној“, изјавила Киреева пред судот.

Киреева во судницата додала дека сакала да го разоткрие она што се случувало.

„Само сакав да го информирам раководството на ‘Азов’ дека постои одредена група која го користи нивното име и се занимава со крајно нечесни активности. Тие ја дискредитираат армијата“, изјавила Киреева.