Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагира на состојбите со Алта банка, која ја презеде Стопанска банка Битола со добивка од 49 милиони денари, а сега бележи загуба од 48 милиони денари. Мојсоска посочува на хронологијата на настаните по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија, критикувајќи ги тврдењата на надлежните дека банката во Македонија продолжува со редовно работење, додека Народната банка воведува неделен лимит за повлекување средства од 10.000 денари и привремено затворање на експозитурите.
Дополнително, таа предупредува дека во Алта банка се наоѓаат значителен дел од субвенциите на земјоделците од Пелагонија, кои веќе се соочуваат со неизвесност околу достапноста на своите средства, и упатува критика до гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски, прашувајќи дали би можел да преживее со 10.000 денари неделно.
Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
Алта Банка ја презема Стопанска Банка Битола со добивка од 49 милиони денари. Алта Банка сега бележи загуба од 48 милиони денари! Еве и хронолошки:
•На 30 октомври беше одземена дозволата на Алта банка во Србија.
•На 31 октомври, властите во #Македонија тврдеа дека Алта Банка Македонија е посебно правно лице и дека продолжува со РЕДОВНО работење.
•На 1 ноември, Народна банка воведува неделен лимит од 10.000 денари и привремено затворање на експозитурите. Од кога лимити и затворени експозитури се редовно работење на банката?!
Во Алта банка се најголем дел од субвенциите на земјоделците од Пелагонија (префрлени од Стопанска банка). Истите земјоделци кои се молат за редовна исплата на субвенции, сега стравуваат дали ќе им останат заробени веќе исплатените субвенции.
А, Трајко Славевски може да објасни дали тој би ПРЕЖИВЕАЛ со 10.000 денари неделно
Следи го Антропол преку Google 
