Вкупно 83 неолитски предмети од Скопје и околината ќе бидат изложени во Франкфурт во рамките на поставката што ќе биде отворена во вторник (3 ноември) во 18 часот. Изложбата под наслов„Лица од новата ера“ е со артефакти од Музејот на град Скопје и ќе биде отворена во Археолошкиот музеј во Франкфурт на Мајна. Изложбата ќе трае девет месеци, а во нејзини рамки ќе промовирано и најновата публикација за археолошки локалитети од кустосот и археолог Љубо Фиданоски.
Ќе бидат изложени 83 артефакти од неолитската збирка од два локалитети oд Скопскиот Регион: Церје кај селото Говрлево и Слатина кај Зелениково, кои се едни од најзначајните локалитети од овој период, не само во Македонија, туку и пошироко.
– Ќе бидат претставени најважните предмети од збирката: антропоморфниот модел на куќа, позната како „Големата мајка од Говрлево“, разновидните керамички фигурини, жртвеници и садови, камени и коскени алатки од oбата локалитета – велат организаторите.
Изложбата се реализира во рамките на долгогодишната соработка помеѓу Археолошкиот музеј во Франкфурт и Музејот на град Скопје. Пред една година во Музејот во Франкфурт беше отворена изложбата „Масовната гробница на локалитетот Скупи – една темна страна на римската историја“, којашто доживеа голем успех и беше прикажана и во други Археолошкиот музеј во Вејсенбург во Баварија.
„Лица од новата ера“ во Франкфурт се релализира со подршка на Град Скопје, во партнерство со Здружението на граѓани „Македонида“ од Скопје.
Следи го Антропол преку Google 
