Крстев: Одржувањето на статус – квото за рудникот Иловица – Штука не е решение!

Одолговлекувањето и повикувањето на правен вакуум не го решаваат прашањето за рудникот Иловица-Штука, туку ја продолжуваат неизвесноста и оставаат простор за потенцијални милионски отштетни побарувања на товар на државниот буџет, посочува Мики Крстев, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица. Тој реагира дека изјавите на Мицкоски за отсуство на рокови и обврска за донесување анекс на концесискиот договор не претставуваат конкретно решение, туку одржување на постојната состојба. Крстев бара Владата без натамошно одолговлекување да преземе законски чекори за едностран раскин на концесијата поради неисполнување на обврските од страна на концесионерот, со цел заштита на јавниот интерес и државниот буџет.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Одржувањето на статус – квото за рудникот Иловица – Штука не е решение!

Со изјавата дека Владата ќе се повикува на „правен вакум“ и дека нема рокови и обврска да постапи за донесување на анекс, премиерот не кажа ништо со што го решава прашањето за отворањето на рудникот. Напротив, со тоа покажа дека Владата е решена да го одржува статус – квото и да ја продолжи неизвесноста!

Очигледно анкетите на Мицковски му покажуваат дека отварање на рудник Иловица-Штука, му го руши рејтингот, па реши да неутрализира и да се претстави како заштитник. – Но, со одолговлекување и непреземање на идни чекори во ситуацијата, не се решава проблемот.

Граѓаните со години бараат едностран раскин на концесискиот договор од страна на Владата поради неисполнување на законските обврски од страна на концесионерот, а не одолговлекување и барање оправдувања за непостапување.

Граѓаните не бараат државата да влегува во милионски арбитражни спорови. Бараат Владата да постапи законски и да ги заштити јавниот интерес и државниот буџет – меѓудругото. Затоа без одолговлекување и нови изговори, туку работа! Владата веднаш да преземе конкретни законски чекори за раскинување на концесијата, додека е во можност без штета по државниот буџет! Јавноста не е наивна, и нема да дозволи да биде оцрнувана и обвинувана поради бегање од одговорноста која треба да ја преземате.