Во Музејот и галерија во Кавадарци вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од Емил Шулајковски. Под наслов „Патување во непознатото“ тој ќе се претстави со дела работени во последниот период.
Според Зорица Ташовска-Илова, кустос, во делата на Шулајковски доминира апстрактниот пристап.
– Уметникот не настојува да ја прикаже стварноста во нејзината препознатлива појавност, туку да ги истражи нејзините внатрешни импулси, емоционални состојби и визуелни асоцијации. Слободните сликарски потези, прелевањата на боите и нивните меѓусебни судири создаваат композиции исполнети со движење, напнатост и енергија. Жолтата, сината, зелената, црвената и белата боја се појавуваат во разновидни односи, градејќи простори во кои се преплетуваат светлината, длабочината и чувството за ритам – вели Ташовска-Илова.
Следи го Антропол преку Google 
