Лазаревски со ироничен осврт за дигиталната лична карта: Може да ја покажеш на шалтер, но ќе ти побараат оригинал

Дигиталната лична карта и возачката дозвола достапни преку апликацијата m.Uslugi предизвикаа низа недоумици околу нивната практична употреба. Марјан Лазаревски, преку објава на социјалните мрежи, на ироничен начин ги наброја ситуациите во кои овие дигитални документи можат, односно не можат да се користат, посочувајќи дека тие не се прифаќаат како валидни документи во низа институции и при различни административни постапки, меѓу кои полициска контрола, банкарски услуги, гласање, регистрација на возило и преминување на државната граница.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Може да се користи:

– За изнајмување на VHS ленти во видеотека;

– За купување на цигари / алкохол (само ако апла личиш на полнолетен);

– Да ја користиш како тема за разговор кога ќе снема други теми.

– Да ја покажеш на шалтер, за службеникот да ти каже: „Ама треба оригинал.“

– Да ја покажеш на другар што нема дигитална лична карта, за да му падне самодовербата;

– Како доказ дека си ја инсталирал апликацијата;

– Да ја покажеш на баба ти, за да ѝ објасниш дека личната карта веќе не мора да ја носиш, освен кога мора да ја носиш.

– Како дигитален доказ дека и државата има апликација.

Не може да се користи:

– Како валиден документ при контрола на полициски службеници;

– Во државни институции: МВР, општини, судови, УЈП, Централен регистар и др.

– При купување и регистрација на телекомуникациски услуги;

– Како валиден документ во банка;

– За гласање на избори;

– За регистрација на возило;

– Во здравствени институции;

– За поминување граница;

– За склучување договори;

– При вработување;

– На нотар;