Апасиев: Во Србија загинаа 16 луѓе поради корупција, во Македонија 63, но ДПМНЕ повторно победи на изборите

Лидерот на Левица и пратеник, Проф. д-р Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу политичките последици од трагедиите во Србија и Македонија, посочувајќи на корупцијата како заедничка тема. Осврнувајќи се на загинувањето на 16 лица во Србија и 63 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Апасиев ја коментираше разликата во изборните резултати во двете земји. Тој упати критики кон граѓаните кои се воздржуваат од политичко учество и не излегуваат на избори, оценувајќи дека апстиненцијата придонесува за одржување на постојната политичка состојба.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Во Србија загинаа 16 луѓе поради КОРУПЦИЈА – на следните избори изгуби владејачката СНС на Вучиќ.

Во Македонија загинаа 63 луѓе поради КОРУПЦИЈА – на следните избори пак победи владејачката ДПМНЕ на Мицкоски. 🤔

Исто е, ама не е исто!?

Наравоучение:

Апстиненцијата е избор, и тоа погрешен.

Воздржаноста е “глас”, ама за лошите.

Вие кои сте “бијонд” политиката, сте контрибутори на статус-квото. Оти заради вашето “не се замарам со политика” и “ние не сме партија” сентимент – дозволувате армија од 300.000 клиентелистички, но дисциплинирани вмроиди да ни го кројат животот на 2.000.000 луѓе.

1/7 од населението владее со останатите 6/7, ама пола милион си седат дома на денот на изборите (кои се без цензус), оти нели “сите се исти, брат”. 👌💋

#ТопСтеКисче

#ТиранијаНаМалцинството