Димитријевиќ: Иста песна нова тарабука

Александар Димитријевиќ ја обвини СДСМ дека со предлогот за трансформација на јавните претпријатија во акционерски друштва отвора простор за нова приватизација на државниот капитал, потсетувајќи на процесот од 1990-тите години. Според него, ваквиот модел може да доведе до преземање на претпријатијата од приватни инвеститори и олигархиски структури, со ризик од влошување на работничките права и поскапување на услугите за граѓаните. Димитријевиќ смета дека предлогот ја доведува во прашање левичарската определба на СДСМ и оценува дека двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, спроведуваат политика во интерес на тесни економски и политички кругови.

Мастер планот на СДСМ било да се борат против приватизација со приватизација 😆.

СДС имаат намера сите јавни претпријатија да ги направат акционерски друштва и на секој граѓанин да му дадат акции. Паметните луѓе памтат дека токму тоа е лулката на приватизацијата со која Бранко Ц. остави огормен број фамилии на улица.

Со законот за трансформација на општествениот капитал во претпријатија донесен 1993 година , сите јавни претпријатија и фабрики се “приватизираа ” со тоа што се поделија акции на вработените и тоа според работните места. Па директорите добија најмногу акции додека пониските работни места многу помалку. И што се случи? Олигарсите и директорите ги купија акциите пошто зашто и станаа сопственици на дотогаш државните претпријатија. Тоа што се градело со пари од сите луѓе сега е во сопственост на олигархијајата.

Незнам дали треба да му нацртаме на Филипче дека Алкалоид, Пивара. Макстил Фершпед, Славија , и еден куп профитабилни претпријатија завршија во канџите на другарите на БЦ токму со приватизацијата на општото добро.

Со ваква трансформација како што ја предлага СДС повторно се создава можност претпријатијата ЈСП, ВОДОВОД , ЛОТАРИЈА., да бидат откупени од внатрешната структура или пак од надворешен инвеститор. ( leveraged by out).

Ќе поставам прашање до младите од оваа партија, што мислите каква ќе биде иднината на овие претпријатија ( кој ќе ги купи )?

Ова што сега го кажал Венко е нај не левичарска мерка, дотолку повеќе што на СДС треба да им се забрани да се нарекуваат лева опција.

И кога некои “странски” инвеститори ќе ги купат претпријатијата и ќе ги поседуваат сите средства за работа нашите работници ќе станат робови што ќе работат за минималец по 10 саати. ( Како што е примерот во ти кормнбер , Шуберт и тн)

Со ова само се потврдуваат шпекулациите дека Филипче и Заев навистина сакале да ја продадат војна болница преку т.н. јавно приватно партнерство.

Сосем е јасно дека СДС и ДПМНЕ имаат иста идеологија – клептократија со која да би можеле и воздухот би ни го наплатиле .

Вистински политичари кои си ја сакаат државата би работеле на тоа јавните претпријатија да станат силни а услугата кон граѓаните да биде квалитетна и ефтина, е тоа може само ако не се краде и ако не вработуваат луѓе од партија без компетенции …Додека во Југославија нашите фабрики изведувале производи во странство , денес земјоделската Македонија со најплодни почва мора дури и храна да увезува.

Сепак се обраќам до младите немојте да бирате лидери кои носат часовници од 60.000 евра или имаат јахти , нивните зборови за социјализмот се лажни, напиша твој на својот Фејсбук профил.