Димовски: Кога регулаторот не го штити јавниот интерес, во чиј интерес тогаш постои?

Десет причини зошто РКЕ треба да биде укината

Колумна на м-р Дејан Димовски дип.ел инж и член на ЦК на ПП Левица

Секогаш кога се воспоставува систем после извесно време потребно е да се направи детална анализа на функционирање на системот. После две децении воспоставување на правила на игра во енергетскиот систем на Македонија, регулаторната комисија за енергетика испорача резултати со колабиран јавен интерес, долгови на државните енергетски компании и огромен профит на странскиот енергетски капитал во Македонија. Сето ова преставува основа за укинување на РКЕ. Дессете основни причини за укинување на РКЕ։

1. РКЕ не го штити јавниот интерес (енергетските компании со државен предзнак и општиот интерес на народот). ЕСМ (државна компанија) продава електрична енергија на ЕВН Хоум (приватна компанија) по цена 65e за MWh, многу пониска од цената на производство. ЕСМ бележи финансиски долгови повисоки од 150 милиони евра. Електродистрибуција фирма ќерка на ЕВН остварува добивка близу 110 милиони евра во 2025 и 2026 година. Стравот од повисока цена во блоковите е дополнителен подарок од 200 денари пристап до дистрибутивна мрежа.

2.РКЕ овозможува паушално фактурирање и на штета на потрошувачите. Преку подзаконски акти, на операторот на дистрибутивната мрежа му се овозможува да издава фактури без реално отчитување на броилата. При блоковски модел на тарифирање, паушалната пресметка може да предизвика финансиска штета за потрошувачот. Дистрибутерот во изминатите две децении можеше да воспостави систем со целосно месечно отчитување на броилата. Во скалест модел на тарифирање со блокови скоро секогаш финансиската штета е на сметката на потрошувачот при паушално пресметана фактура.

3. Независноста на РКЕ е доведена во прашање. Тешко може да се зборува за вистински независно регулаторно тело кога неговите членови имаат политичко-партиска заднина, претходен активен политички ангажман, но и професионални врски со енергетскиот сектор што треба да го регулираат?! Особено загрижувачки е доколку членови на Комисијата претходно работеле во компании чии интереси директно зависат од одлуките што ги носи РКЕ. Независноста не смее да биде само формална законска определба, особено кога одлуките на Комисијата директно влијаат врз сметките на граѓаните и финансиската состојба на државните енергетски компании.

4. РКЕ не е транспарентна. РКЕ досега никогаш транспаретно пред целата јавност нема математички образложено како ги одредува коефициентите и формулите за пресметка на цената на електричната енергија во блоковите и во ефтината тарифа.

5.РКЕ не обезбедува доволна јавна дебата. Статутот на РКЕ не дозволува јавно изнесување на ставови на членовите на комисијата. Единственото претседателот на РКЕ може јавно да дебатира и да ги соопштува одлуките на РКЕ.

6. РКЕ ја префрла ценовната нестабилност врз граѓаните. Цената на нафтените деривати се менуваше на секој две недели. Кога берзите на нафтата покажуваа нестабилност РКЕ донесе одлука промената на цената на нафтените деривати да се менува постојано во зависност од берзанските промени. Со нестабилност на берзите на нафтени деривати РКЕ повторно донесе промена малопродажната цена на нафтените деривати да се менува еднаш неделно. Оваа одлука е во корист на приватниот капитал а не во интерес на народот.

7. РКЕ не ја отвора јавно темата за загубите во дистрибутивната мрежа. Наместо транспарентна анализа на загубите и одговорноста за нив, граѓаните продолжуваат да ги плаќаат трошоците за функционирање на системот.

8. Одлуките на РКЕ финансиски ги исцрпуваат јавните претпријатија за водоснабдување. Одлуките на РКЕ финансиски ги колабираше јавните претпријатија кои вршат водоснабдување бидејќи се големи потрошувачи на електрична енергија. Нaбавуваат електрична енергија на слободен пазар преку снабдувачи (измислени фирми од 3 до 4 луѓе). Снабдувачите (приватен интерес) диктираат маржи до 20% со високи заработки а на сметка на тоа јавните претпријатија (јавен интерес) финансики колабираат. Се поставува прашањето Зошто ЕСМ Продажба не ги снабдува јавните институции со електрична енергија?. ЕСМ Продажба треба да биде универзален снабдувач.

9. Термините за корекција на цената на електричната енергија отвораат сомнеж за политичка калкулација. Корекциите се вршат на 1 јули, среде лето, и на 1 јануари, на Нова година. Ваквиот распоред може да го амортизира револтот на народот, но не го намалува финансискиот товар врз домаќинствата.

10. Политичкото влијание врз РКЕ е очигледно. Не е случајно што, според досегашната практика, токму во предизборните периоди изостануваат поскапувањата на електричната енергија.

Македонија е мала држава и апсолутно е непотребно да има и министерство за енергетика рударство и минерални суровини и РКЕ.

РКЕ може да биде составен дел од министерството за енергетика. Глумењето независност евидентно не носи благосостојба на јавниот интерес, од нова година само предвремени избори можат да не спасат од повисоки сметки за струја.