Куцуловски за Локално: Младите се апатични затоа што криминалци се ослободуваат и ги дочекуваат со бакли и тапани и затоа што нивните роднини, другарки и најблиски изгореа во диско штала и никој не одговараше

„Еден од најштетните наративи што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ успеаја да го наметнат во македонското општество е дека проблемите и трагедиите не треба да се политизираат“, вели во разговор за „Локално“, Андреј Куцуловски, лидерот на подмладокот на Левица, „Црвена младина“ за бунтот на младите ширум Европа што доведе до масовни протести од Тирана до Париз, споредено со состојбите во Македонија и какво е расположението на нашите млади граѓани.

Бранот протести поради зголемените трошоци за живот, кој во последните недели ги зафати Шпанија и Франција, сега се прошири и во Италија, Португалија, Белгија и Албанија. За разлика од таму, според Куцуловски, двете најголеми партии во Македонија, политизацијата ја сведоа на погрден процес во кој некој наводно нешто ќе добие од тоа што гласно зборува за одредени проблеми и прашања.

Соговорникот оценува дека во сето ова, добро е што има кој е одговорен.

Запрашан дали младите се апатични бидејќи се разочарани од системот, Куцуловски вели дека тоа се случува затоа што криминалци се ослободуваат и ги дочекуваат со бакли и со тапани.

Околу тоа дали и како партиите се обидуваат да ги контролираат или обесхрабрат граѓанските движења и каква улога имаат медиумите во сето тоа, Куцуловски укажува дека „политичките партии на естаблишментот активно се обидуваат да ги обесхрабрат граѓаните“. Тврди дека истите луѓе кои ги финансираат политичките партии за време на изборните кампањи се и меѓу другото газди и финансиери на најголемите медиуми во Македонија.

Превземено од Локално