Запалени 11 антени на Старлинк во Бугарија

Двајца маскирани мажи подметнале пожар и запалиле 11 од вкупно 17 антени што се користат за сателитска комуникација преку системот „Старлинк“, во објект со ограничен пристап во близина на Софија, соопшти бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев.

Бугарските медиуми ја идентификуваа локацијата како сателитската комуникациска станица „Плана“, со која управува телекомуникациската компанија „Виваком“. Опремата обезбедува сателитски комуникации што ги користат и украинските вооружени сили.

Бугарскиот премиер Румен Радев потврди дека надлежните органи го истражуваат подметнувањето на пожарот, при што безбедносните служби соработуваат со меѓународни партнери.

Инцидентот се случува во период кога се појавуваат информации за заострување на ограничувањата во користењето на „Старлинк“, кои влијаат врз воените операции на Украина. Засега, меѓу овие два настана не е утврдена никаква поврзаност.

Идентитетот на сторителите и мотивите за нападот остануваат непознати.

Може да ве интересира