По повод Денот на народното востание, делегација на Левица, составена од пратеникот Борислав Крмов и советниците во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска и Андреа Јанков, положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, оддавајќи почит на борците кои ги положија своите животи во борбата против фашизмот.
„Партизаните свесно тргнаа во борба против бугарскиот фашистички окупатор, знаејќи дека цената на слободата може да биде и сопствениот живот. Ако тие не се поколебаа пред смртта во борбата за слободна Македонија, денес немаме изговор да отстапиме пред неправдата, националното потчинување и империјалистичките притисоци. Борбата на партизаните е наша обврска – против империјализмот, националното потчинување и капиталистичката експлоатација, за социјализам и слободна Македонија“, порачаа од Левица.
Следи го Антропол преку Google 
