Претседателот на Сојузот на синдикатите на Макеоднија (ССМ), Слободан Трендафилов, јавно проговори за третманот што работниците ширум земјава го добиваат од своите газди.
„Голем број на работници не добиваат надоместок за работа на празник, во недела и неработен ден (некои добиваат 100 или 500 денари), добиваат годишен одмор под 20 дена и тоа по 5 или 8 денови во кој им го засметуваат и викендот (саботите и неделите), празниците и неработните денови, не добиваат додаток за минат труд, додаток за прекувремена работа, работа ноќе и не им ги исплаќаат другите додатоци“, вели Трендафилов.
Неговиот јавен настап е во светло на предлогот што неодамна пристигна од Стопанската комора, за кратење на празничните неработни денови во Македонија.
Следи го Антропол преку Google 