Американските власти решија со пренос во живо на јавноста да ѝ го прикажат извршувањето на смртната казна со стрелање врз Нидал Хасан, закажано за 3 декември, соопшти претставник на Пентагон.
Хасан во ноември 2009 година застрела 13 лица во напад извршен во воената база Форт Худ во Тексас, каде работел како воен психијатар.
Тој ќе биде првиот осуденик што ќе биде егзекутиран со стрелање во САД од 1945 година.
Неименуваниот претставник на Пентагон не даде дополнителни информации, туку најави дека деталите ќе бидат објавени подоцна.
Следи го Антропол преку Google 