Ниту еден лифт не работи во зградата во Клиничкиот центар во која се сместени повеќе интерни клиники. Поради ова пациентите кои се со тешка клиничка слика и се во количка ги симнуваат по скали, јавува ТВ Телма.
Во зградата има четири лифта и до пред неколку дена работел само еден, но кога и тој се расипал, клиниката остана без функционален лифт. Ова не е првпат пациенти да треба да се носат на раце, за да ја добијат потребната лекарска помош.
Инаку во оваа зграда се сместени клиниката за Гастроентерохепатологија, клиниката за Нефрологија, за Пулмологија и Алергологија. Граѓаните регираат дека повеќе пати пријавиле за проблемот но решение сè уште нема.
Следи го Антропол преку Google 
