Над 342 илјади македонски пензионери со септемвриското усогласувањето на пензиите добија 3% процентуално зголемување што е причина за револт кај повеќето од нив. Имено, најголемиот број на пензионери спаѓаат во групата која што зема минимални или просечни пензии – до 30.000 денари, додека помал број земаат високи пензи и до 60.000 денари, велат од Левица.
„Со процентуалното зголемување на пензиите оние пензионери со пензија од 22.000 денари добија зголемување од 660 денари, додека оние со пензија од околу 100.000 денари добија зголемување од 3.000 денари. Со ваквиот начин на “ усогласување “ се прави дискриминација по социјална основа и се продлабочува социјалниот јаз помеѓу пензионерите. Какво е тоа усогласување ако некој добива 600, друг 3000 денари?! Трошоците за живот се зголемени за сите, цените се исти за сите и затоа сите пензионери треба да добијат исто линеарно зголемување на пензиите. Се поставува прашањето зошто Владата на Мицкоски предизборно ветуваше линеарно зголемување на пензиите, што и се случи , два пати по 2.500 денари и два пати по 1.000 денари, а сега ретерира од својот став и прибегнува кон процентуално зголемување – модел наметнат од предходната влада на СДС“, велат од партијата
Ова е јасен показател дека на Мицкоски пензионерите му требат само пред избори, а кога ќе дојде на власт заборава на нив, додаваат од Левица.
Следи го Антропол преку Google 
