На 25.000 денари плата ќе имавте и хранарина од 5.000

Никола Петров од Левица ги наброја сите работнички права и привилегии, кои во изминативе години беа укинати во Македонија. Пописот е навистина импресивен.

„Ако земате 25 илјади денари плата, ќе земавте плус 5 илјади денари хранарина. Така ќе беше ако претходно десничарот Никола Груевски не ги укинеше работничките права стекнати децении наназад. Десничарската влада во случајот на Груевски, позната по тоа што тесно соработува, односно е политички претставник на капиталистичката класа, во својот мандат ги укина следниве работнички права:

– Надоместок за хранарина (20%),

– Надоместок за превоз до работа,

– Правото на штрајк, при што се дозволува да се вработуваат заменски работници за штрајкувачите,

– Законска можност работниците од текстилната и кожарската индустрија да земаат пониска плата од минимално утврдената,

– Бесконечно продолжување на договорите на определено време заради уценување на работниците…

Моменталната десничарска влада на Мицкоски удира по следниве работнички права:

– Недела неработен ден,

– Кратење на боледувањата,

– Кратење на празниците.

На крајот на денот, работничките права се кратат и најмногу ќе бидат погодени работниците од реалниот сектор кој ја движи економијата во државата“, вели Петров.