Во северниот дел на Киевската област, во близина на Чернобил, украинските безбедносни сили поставуваат до 35 реда бодликава жица, со цел зајакнување на границата и потенцијалните правци на напредување.

Иако засега нема назнаки дека руските сили се подготвуваа за опсада на украинската престолнина, сепак, украинската страна се подготвува за можната инвазија, која во случајов би случила од правецот на Белорусија.
Инаку, денеска беше објавено предупредување во Киев, дека руската восјка наскоро ќе започне со директен напад на градот Запорожје, кој веќе е под силни дејствија на авијацијата и активностите на беспилотните летала.
Следи го Антропол преку Google 
