Од Здружението млади Муртино, пристигна реакција за последниот ТВ настап на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, каде тој се обиде да ги релативизира проблемите со кои во моментов се соочуваат земјоделците во Македонија.
„Во цело излагање не слушнавме ниту едно решение ниту за еден проблем, туку напротив само ефтини обиди за одлагање и купување на време додека дел од пиперката на градинарите скапува на нива а дел се откупува по цени на една гума за џвакање. Срамота! Цели два месеци гледаме театар, во јавноста се прикажуваат невистини додека во реалноста земјоделецот е во колапс. Два месеци не видовме еден позитивен коментар од земјоделец кој што кажал дека некаде нешто било решено или оди добро како што треба. Да не живееме случајно на различни планети“, прашуваа од здружението.
Од млади Муртино велат дека им е доста од ветувања што ги даваат политичарите.
„Се изнаслушавме “ќе”, дали сте свесни дека не постои ќе бидејки градинарите се во колапс, не можат да ја поминат годината со овој катастрофален откуп и катастрофални цени.
Прво спасете ги градинарите, а потоа ќе креирате системски решенија. На седница на влада предложете дополнителна директна финансиска помош од вкупно 10ден/кг за производителите на куртовска капија“, велат од млади Муртино.
Следи го Антропол преку Google 
