Левица: Нема „економска ефикасност“ во крадењето на слободното време на работникот – има само стара експлоатација со нов речник

На олигархијата веќе не ѝ се доволни НАЈМИЗЕРНИТЕ плати во Европа, евтината работна сила и државата која со години ги субвенционира профитите на крупниот капитал – сега ѝ пречат и неработните денови!

Предлогот празникот што паѓа во недела повеќе да не се префрла во понеделник е само уште еден обид работничкото право да се претстави како трошок, а животот на човекот да се пресметува исклучиво низ часови производство и ПРОФИТ!

Ваквите желби на капиталот се особено опасни затоа што паѓаат на плодна почва кај ДПМНЕ – партија ФИНАНСИРАНА од олигархијата која зад секоја приказна за „подобра бизнис-клима“ гледа можност да му удоволи на крупниот капитал.

Ако на олигархијата сега ѝ пречат празниците, утре ќе ѝ пречи викендот, задутре осумчасовното работно време.

ОВА НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ! – порачуваат од Левица.