Котлар: Грција и Бугарија работат на директна негација на македонскиот идентитет

Датумот е значаен во современите прилики и го актуелизира прашањето за достоинството на македонскиот народ, особено во услови на постојан културен и морален релативизам кон нeговиот идентитет, од внатрешен или од надворешен фактор. Ова го спомнувам, заради отежната политичка ориентација на пошироката државна конјуктура, по однос на неодамнешните грчко-бугарски политички манифестации за негирање на историскиот, именскиот, а со тоа и на идентитетскиот македонски атрибут на именката – Македонија/Македонци.

На ова се надоврзува и неодамнешната посета на актуелната претседателка на Европската комисија на Скопје. За разлика од 2022 година, кога Урсула фон дер Лајен, алијас Розе Ладсон, настапи во македонското Собрание со охрабрување на в л а с т а против н а р о д о т – афирмирајќи го т.н. Францускиот предлог, кој во суштина е за демакедонијзација, сега во 2026 година, таа се ограничи на средби со премиерот и претседателката на државата, пишува за мкд.мк, Наташа Котлар-Трајкова.

Под плаштот на позитивните зборови за идентитетот (македонски), таа, беше директна во пораката, дека останува како „клучен чекор“ за придвижување на преговорите – имплементацијата на уставните измени. А, тоа пак, значи негирање на суштинските основи на македонската нација и на македонската држава. Од овој политички галиматијас, од оваа бесмисленост, излезот е во документите на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија) од 2 Август 1944 година. Како израз на тешката, но успешна народноослободителната борба на македонскиот народ започната на 11 Октомври 1941 година е одржувањето на Првото заседание народното собрание, на кое се удрени темелите на македонската државност. Оваа историска значајност е јасно искажана во најважниот конститутивен акт – Манифестот, во кој АСНОМ се прогласува за  „единствен носител на народниот суверенитет на првата македонска држава“. Затоа и неслучајно во тогашните документи се вели: „АСНОМ денеска има да каже и на цел свет, на пријатели и на непријатели, на сојузници и врагови, да после Самуила, а прв пат во својата историја, македонскиот народ гради створуе своја држава. Македонскатата држава е реалност (…) денешен ИЛИНДЕН е не само прод’лжуене на илинденските традиции, ама нешто ново, поголемо, позначајно, кога се раѓа првата македонска држава, како резултат на тешката и крвава борба, на сеопштото народно востание.“

Оттука е и Решението на Првото заседание на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 Август за национален празник на сите Македонци: „Илинден – 2 август се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за негово коначно ослободуене от вековното ропство и за создавање на слободна и суверена федерална македонска држава.“

Целиот текст прочитајте го тука.