Иранскиот генерал Али Фадави тврди дека американските воени сили се повлекле повеќе од 1.000 километри од иранските граници и дека во моментов нема американски бродови во Ормускиот теснец и околните води.
Фадави, висок командант на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), во телевизиско интервју изјавил дека американското повлекување не било доброволна одлука, туку резултат на, како што го опиша, воената моќ на Иран и ИРГЦ. Неговите изјави ги пренесоа иранските медиуми.
„Американците побегнаа и се оддалечија повеќе од 1.000 километри од нашите граници“, рекол Фадави, додавајќи дека американските бродови се, како што тврди, „целосно ранливи“ на ирански напади.
Според него, американски воени бродови во моментов нема ниту во Персискиот Залив, ниту во Ормускиот теснец, Оманскиот Залив и северниот дел на Индискиот Океан. Фадави истовремено тврди дека Ормускиот теснец останува под контрола на Иран.
Техеран воедно продолжува да испраќа сигнали дека е подготвен за дипломатско решение, но и за одбрана доколку дојде до нова воена ескалација. Во исто време, САД ја засилуваат воената присутност во регионот, што укажува дека конфронтацијата околу Иран и Ормускиот теснец и натаму останува неизвесна.
Следи го Антропол преку Google 
