Хутите не запираат, освоени нови територии во Јемен

Граѓанската војна во Јемен ескалира, откако провладините трупи започнаа воена операција со цел повторно да се завземе територијата што минатиот месец ја зазедоа Хутите, бунтовничките сили на организацијата Анасар Алах.

Очигледно дека владината војска нема голем успех, бидејќи Хутите продолжија со својата офанзива и, според извештаите, зазедоа уште неколку населени места во југозападната провинција Таиз, во близина на стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб.

Во телевизиско обраќање во неделата, Рашад ал-Алими, претседател на Претседателскиот совет на Јемен, изјави дека владата наредила „воени операции за враќање на преостанатата територија на републиката и проширување на државната власт на целата територија на земјата“.

Портпаролот на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, генерал-мајор Турки ал-Малики, изјави дека коалицијата ќе продолжи да ги поддржува силите на јеменската влада. Саудиска Арабија првпат интервенираше во граѓанската војна во 2015 година, откако Хутите една година претходно го зазедоа главниот град на Јемен, Сана.