Деловната клима во германската автомобилска индустрија нагло се влошила во септември, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања (Ифо) од Минхен.
Вредноста на индексот што го мери деловното расположение во германската автомобилска индустрија паднала од минус 22 поени во август на минус 35 поени, при што компаниите значително полошо ја оцениле актуелната деловна состојба.
Покрај тоа, очекувањата на компаниите за наредниот период, кои веќе се влошија во август, останале на многу ниско ниво.
„Автомобилската индустрија и понатаму е заробена во криза“, оцени експертката на Ифо за автомобилската индустрија, Анита Велфл.
Влошувањето на расположението е видливо и во другите показатели.
Очекувањата на производителите во однос на извозот, кои се подобриле меѓу јули и август, повторно паднале во септември, наведува Ифо на својата веб-страница.
Компаниите во септември полошо ги оцениле и своите книги на нарачки, додека приходите во третото тримесечје од 2026 година, според нивните наводи, значително се намалиле во однос на второто тримесечје.
Следи го Антропол преку Google 