Анџелина Џоли ве повикува самите да се уверите во разрушувањето на Газа

Славната холивудка актерка Анџелина Џоли, ги упати своите следбеници на „Google Earth“, самите да се уверат в степенот на разрушувањето на Газа.

Таа се повика на сателитска анализа на ОН, според која 82 отсто од објектите во Газа биле оштетени до 16 јуни 2026 година, при што приближно две третини од објектите биле целосно уништени.

Џоли истакна и дека на 1,98 милиони луѓе, односно околу 94 отсто од населението, им е потребна помош во обезбедувањето засолниште, во пресрет на зимата.

Податокот на UNOSAT беше широко пренесуван во медиумите. Најновите јавно достапни сателитски снимки на територијата на Газа преку „Google“ се од околу јуни 2026 година.

Може да ве интересира