На земјоделскиот протест во Прилеп, по којзнае кој пат јавно укажавме на проблемите со кои се соочуваме ние како градинари, а и целиот градинарски сектор, порачаа градинарите од цела Македонија.
Тие велат дека ситуацијата е алармантна, градинарите се во незавидна финансиска ситуација која не можат да ја надминат сами.
„Бараме со одлука на Влада да се донесе итна комбинирана финансиска поддршка со просечен ефект од 10 денари по килограм, составена од следните два дела: Поддршка од 5 денари по килограм за официјално предадена куртовска капија во регистрирани откупни и преработувачки капацитети, врз основа на откупен блок, фактура или друг официјален документ. Поддршка од 20.000 денари по засаден декар со куртовска капија, со оглед на просечниот принос од 4.000 килограми по декар: 4.000 кг × 5 денари = 20.000 денари по декар“, порачаа градинарите.
Замјоделците побараа и исплата на субвенции за предадено кило за 2025 година.
Следи го Антропол преку Google 