Француски министер побара од родителите да платат за штетата, предизвикана од протестот на нивните деца

Францускиот министер за правда Жерал Дарманен повика на граѓанската одговорност и предложи штетата што ја предизвикуваат малолетни средношколци за време на блокадите на образовните институции, да биде префрлена на нивните родители.

Министерот за РТЛ изјави дека побарал од обвинителите да ги повикаат родителите на граѓанска одговорност во случај на штета предизвикана од нивните деца при започнувањето блокади на средните училишта, со цел тие „да платат отштета“.

„Штетата не ја плаќа малолетникот, туку родителите. Денеска тоа е и проблем на родителите“, рече министерот, еден ден по состанокот со главните обвинители, оценувајќи дека таквиот одговор е „многу покорисен од притворањето“.

Како што истакна, родителите мора да ја понесат родителската одговорност.

„Што прават тинејџери од 15 или 16 години кога кршат автобуски постојки или го напаѓаат директорот на своето училиште?“, праша тој.