На денешното рочиште за случајот ,,Лотарија”, сведочеше првиот сведок на обвинителството, Владо Петковски, кој е директор на сектор за игри на среќа во „Државна лотарија“.
Но, од неговото сведочење можеше да се наговести пресврт на судењето за Артан Груби и Перпарим Бајрами, бидејќи како сведок на обвинителството се очекуваше да ја поддржи теоријата на Обвинителството, но тој сведочеше во полза на обвинетите.
Имено, овој сведок во фаза на истрагата, пред обвинителството, бил испрашуван како осомничен, при што дал едни одговори, кои очигледно оделе во полза на Обвинителството, но потоа не бил опфатен со обвинението, бидејќи бил прогласен за сведок, па сега во судница даваше поинакви одговори.
Петковски, кој по професија е електроинженер, на прашање на обвинителите најпрвин одговори дека во,,Државна лотарија” бил вработен кон крајот на 2017 година, а оттогаш до денес сменил неколку раководни позиции.
Од сведокот беше побарано да направи паралела за времето на двајцата генерални директори, односно на Катица Николовска со работењето на нејзиниот наследник Перпарим Бајрами.
-Паралела и разлики можам да кажам само во однос на развојот на портфолието на Државна Лотарија. Во времето на Катица немаше речиси никакви нови проекти, а откако дојде Бајрами проктивно се ангажираше за имплементација на нови проекти, со цел раст на профитот на Државна лотарија, рече сведокот.
Следи го Антропол преку Google 
