„Извидувачкиот авион ‘Бомбардер АРТЕМИС II’ е забележан во областа на Калининградската област по вторпат оваа недела, движејќи се по кружна траекторија“, известува ТАСС.
Претходниот лет на истиот авион во тоа подрачје е забележан во вторникот. Авионот, неколку часа кружел во близина на руската територија, по што се вратил кон матичниот аеродром.
АРТЕМИС II лета на височина од нешто повеќе од десет километри и, според достапните податоци, за време на ваквите мисии главно се движи надвор од вообичаените коридори за цивилен воздушен сообраќај. Платформата е развиена врз основа на деловниот авион „Бомбардие Челенџер 650“ и е наменета за собирање разузнавачки податоци, надзор и радиоелектронско извидување. Слични летови во близина на Калининградската област биле забележани и во текот на август и септември.
Русија кон крајот на септември упати предупредување до Алијансата дека обидот за изолација или воено загрозување на оваа област би можел да предизвика остар одговор од Москва, додека НАТО наведува дека неговите активности имаат одбранбен карактер.
Калининградската област, сместена меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море, има големо воено-стратешко значење за Русија и во последните месеци се наоѓа во центарот на сè поинтензивните воени и извидувачки активности во регионот.
АРТЕМИС II оваа недела бил регистриран и над неутралните води во јужниот дел на Црното Море, каде што се движел во правец запад–исток и назад, без да навлезе во воздушниот простор на крајбрежните држави. Истиот тип авион во текот на летото извршил и повеќечасовни мисии над Црното Море, вклучително и еден лет во траење од околу девет часа.
Следи го Антропол преку Google 
