За нацизмот и расизмот на Кање Вест нема место во Русија

Концертот на американскиот изведувач Кање Вест, кој беше планиран за наредниот период во Санкт Петерсбург, Русија, е откажан без шанса да биде одржан во некој друг термин.

„Кање Вест нема да изведува во Санкт Петерсбург или било кој друг град во Русија. Американскиот изведувач е инволвиран во промоцијата на нацизмот, на Хитлер, на Третиот Рајх, антисемитизмот и расизмот“, порача портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Кариерата на Вест е исполнета со контоверзности, а досега бројни негови настапи се откажани поради неговите политички ставови. Во едно интервју, тој дури изјави дека ропството е состојба на умот, со што ги разгневи Афроамериканците во САД.