Лекарот Дарко Василевски започна штрајк со глад пред Деканатот на медицинскиот факултет во Скопје, поради истрпената дискриминација при вработување.
Тој преку објава на Фејсбук вели дека неговиот мирен протест започнува по две недели молк од надлежните институции, при што им се заблагодари на сите кои му дале поддршка во изминатите денови.
„Пријатели, роднини, знајни и незнајни луѓе кои во изминатите денови ми дадовте огромна поддршка (јавно или тајно), по 15 дена молк од надлежните институции од денес мојата борба продолжува пред Деканатот на Медицинскиот факултет со мирен протест со гладување. Ова не беше одлука која ја донесов лесно. Ова не е насочено кон никого лично“, напиша Василевски.
Василевски пред две недели јавно реагираше за начинот и селекцијата при вработувањата на Медицинскиот факултет во Скопје, обвинувајќи дека целиот процес е нетранспарентен и дискриминирачки, како и дека по трет пат е одбиен на оглас поради неговата возраст.
Следи го Антропол преку Google 
