Хакирани чувствителни податоци на три милиони американски војници

Во базите на податоци на Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави дошло до безбедносен пропуст при кој биле откриени чувствителни лични податоци на 2,76 милиони живи американски воени и цивилни лица, како и на 294.000 починати лица, потврдил претставник на Пентагон за „Фокс њуз“.

Неовластени корисници пристапиле до нешифрирани датотеки со броеви на социјално осигурување и податоци за воено или цивилно вработување во периодот од октомври 2025 до јули 2026 година.

Центарот за податоци за воениот персонал (DMDC) ја открил ранливоста во системот за споделување датотеки на 16 јули, по што ги известил засегнатите лица.

Пентагон соопшти дека проблемот веднаш бил отстранет и дека нема индикации дека податоците биле злоупотребени.

Министерството не ги идентификувало неовластените корисници, ниту соопштило како успеале да добијат пристап до системот.

Засегнатите лица ќе бидат известени по пошта преку компанијата „Identity Theft Guard Solutions“ (IDX), која, во зависност од видот на податоците до кои било пристапено, ќе им обезбеди поддршка за следење на кредитниот статус и заштита на идентитетот.