Градоначалникот што ѝ се закануваше на советничката, претходно бил осуден за дилање наркотици

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на вчерашната седница на општинскиот Совет јавно ѝ се закани на советничката Маја Никодиновска, предупредувајќи ја да внимава што зборува за да не ѝ се случи судбината на двајца ликвидирани луѓе. Изјавата е снимена и јавно објавена.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи веднаш по инцидентот започнаа со кампања во одбрана на ликот и делото на градоначалникот, кој во минатото, велат од Левица, бил осуден за недозволена препродажба на наркотици.

„Вмровциве како на копче од штаб, на слепо “пукаат” во обид да го извлечат од одговорност градоначалникот на Гази Баба кој вчера на советничката Маја и се закани со ликвидација, дали знаат дека истиот е осуден за дилање дрога“, прашува пратеникот Реџеп Исмаил.

Може да ве интересира