Пред да си поднесе оставка, Вучиќ ги помилува припадниците на опозицијата

Рече дека помилувањето и аболицијата се акти на милост, на кои пристапил поради возраста на оние на кои се однесуваат, без разлика дали се виновни или не за делата за кои се товарат.

Досегашниот српски претседател Александар Вучиќ вчера попладне поднесе оставка од функцијата на прес-конференција организирана во Претседателството на Србија, наведувајќи дека ваквиот потег го прави за да учествува во тековната изборна кампања за предвремените парламентарни избори како обичен граѓанин.

Вучиќ е носител на листата „Обединета Србија“ и кандидат за премиер на претстојните вонредни парламентарни избори закажани за 25 октомври.

Во вчерашното обраќање, тој рече дека служел верно, чесно и праведнo, како и дека донел одлука да помилува 49 лица. Дванаесет од помилуваните се од „Новосадската група“, додека останатите единаесет што ги помилувал се лица кои учествувале во инцидентите од „другата страна“.

Рече дека помилувањето и аболицијата се акти на милост, на кои пристапил поради возраста на оние на кои се однесуваат, без разлика дали се виновни или не за делата за кои се товарат.