Симонов: Краток е патот од капитализам до робовладетелство

Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, реагира дека институциите не обезбедуваат соодветна заштита на работничките права, додека државниот апарат се активира кога станува збор за контрола и притисок врз работниците. Во објава на социјалните мрежи, Симонов посочува дека во изминатите два месеци поднел повеќе пријави до Државниот инспекторат за труд, по пријави од работници кои, како што наведува, стравуваат од губење на работното место доколку лично се пожалат.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

КРАТОК Е ПАТОТ ОД КАПИТАЛИЗАМ ДО РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО

Минативе два месеци поднесов еден куп пријави до ТРУДОВ ИНСПЕКТОРАТ, кои ги добиваме од (експлоатирани) работници, кои плашејќи се да ја изгубат работата, најчесто ни пријавуваат и бараат помош преку трети лица и организации.

Поднесував анонимно, поднесував од лично име, поднесував преку организација за работнички права. Како на официјалните канали за пријава, така и директно на надлежните инспектори (достапни на инспекторатот). Работата на фигуравме до пратеничко прашање.

На крај дознавме, на трудовите инспектори ич не им чуе. Викаат или вашиот синдикат да поднесе (се најголем дел од работниците во странските инвестиции [логори]) немаат синдикат. Или лично од засегнатиот/те работници (што откако ќе ги издадат секако ќе добијат отказ). Заштита за работникот НУЛА.

Е сега, за работодавачите да се заштитат (пази, злоупотреба на боледување) МВР, т.с. полицијата на Панче ќе ве проверува дали за време на боледување сте дома 🤯.

Значи, ДРЖАВАТА ја нема никаде кога треба да го заштити работникот и поставува еден куп правила и процедури. Ама е тука КОГА КАПИТАЛОТ ТРЕБА ДА ГО ЕКСПЛОАТИРА РАБОТНИКОТ, таа е тука да го активира целиот апаратот за принуда.

Е до таму е забеган вмровскиот капитализам. Ем ви кратат право на боледување, ем прават притисоци, од матичен лекар, до болен човек.

Секоја сличност со РОБОВЛАДЕТЕЛСКО ОПШТЕСТВО која ја препознавате е намерна.

#СоцијализамИлиВарвардтво

p.s. Панче, а што мислиш друже да праќаме полиција кај експлотаторите за секоја пријава за рушење на права на работниците? Еве нека почнат со контрола на работното време, чунки работниците се тие што ја плаќаат полицијата.

Може да ве интересира