Осудените се слават како хероји – Тачи, Весели, Красниќи и Селими имаат армија од поддржувачи

Голем број на поддржувачи на Хашим Тачи и останатите негови соработници осудени за воени злосторства, протестираа јавно против работата и пресудата на Специјалниот суд во Хаг.

Најмасовен беше протестот во Приштина, ама поголем број на демонстранти се собраа и пред самиот суд во Хаг. Демонстрантите извикуваа пароли посветени на УЧК, а беа истакнати фотографии со ликовите на осудениците, се вееја знамиња и транспаренти на поддршка.

Специјалниот суд во Хаг во првостепена постапка ги осуди четворицата поранешни команданти на УЧК (Ослободителна војска на Косово) – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, за извршени воени злосторства.

Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото врз најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 102 биле убиени.

Со години, дел од јавноста во Косово ги претставуваше Тачи и другите поранешни команданти како воени херои, а судскиот процес беше критикуван како политички мотивиран. Денешната одлука на Специјализираните совети, сепак, донесе поинаков правен епилог во случајот на Тачи.