„Тачи, Красниќи, Селими и Весели се виновни за воени злосторства – незаконско лишување од слобода, мачење и убиства“, се вели во пресудата.
Специјалниот суд во Хаг во првостепена постапка ги осуди четворицата поранешни команданти на УЧК (Ослободителна војска на Косово) – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, за извршени воени злосторства.
Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото врз најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 102 биле убиени.
Судот наведе дека отежнувачка околност за Хашим Тачи е тоа што ја злоупотребил својата положба за да ја оствари заедничката криминална цел, па поранешниот претседател на Косово е осуден на 25 години казна затвор. На 25 години затворска казна е осуден и Јакуп Красниќи, додека Кадри Весели доби 18, а на 13 години е осуден Реџеп Селими. Како олеснителна околност на осудените е земено нивната заложба за соработка на Косово со Специјалниот суд во Хаг.
„Тачи, Красниќи, Селими и Весели се виновни за воени злосторства – незаконско лишување од слобода, мачење и убиства“, се вели во пресудата.
Како што беше утврдено при изрекувањето на пресудата, обвинителството ја докажало одговорноста на четворицата обвинети за наведените кривични дела и нивното учество во остварувањето на заедничката криминална цел.
Судскиот совет во Хаг утврди и дека Хашим Тачи имал клучна улога во формулирањето и спроведувањето на заедничката криминална цел на т.н. ОВК и значително придонел за нејзиното остварување.
„Лично учествувал во извршувањето на кривичните дела, ги поттикнувал и ги поддржувал“, наведе советот.
Утврдено е и дека Тачи бил запознаен со кривичните дела извршени врз противниците на т.н. ОВК, но не презел никакви мерки за да ги спречи.
Судскиот совет во Хаг утврдил дека, иако одговорноста на обвинетите поранешни лидери на т.н. ОВК е индивидуална и лична, ниту еден од нив не би можел сам да го оствари она што било постигнато во рамките на заедничката криминална цел.
Следи го Антропол преку Google 
