Александар Симонов со жестоки критики за односот на власта кон работниците, обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ дека ги штити интересите на елитата и странскиот капитал на сметка на работничката класа. Во Фејсбук-објава тој ги критикува политиките за боледувањата, минималната плата и односите со синдикатите, оценувајќи дека работниците се доведени во позиција да ја плаќаат цената на „својата експлоатација“.
Тие не се корумпирани, тие се спонзорирани од елитата.
И за тие да бидат ЕЛИТА, а нивните слуги џаболебарат по канцеларии (и трчаат 20 дена за избори), на работниците мора да им се скрати и боледувањето. За едните да уживаат, другите мора да одработат (создадат додадена вредност) и за првите, па макар и со нарушено здравје.
Не постои партија во свет која работничката класа ја претворила во измеќари на странскиот капитал и мала група домашни олигарси, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Дочекавме африканските земји да ги кршат оковите на западниот империјализам, а европски земји да велат дојдете и експлоатирајте го нашиот народ.
Ако си работник од реален сектор и на следни избори во поддржиш ВМРО, кој ти крати од боледување, води војна со синдикати и одбива да покачи минимална плата (затоа што на Азески и Елитата така им одговара), друже, ти не си жртва, ти си соучесник во својата експлоатација.
p.s. Замисли, за опоравување ти треба една седмица боледување, а матичниот ти дава максимални 5 дена, и во сабота, оп, во погонот, на работа, зошто на ВМРО и ЕЛИТАТА така им се сака, напиша тој на својот Фејсбук профил.
Следи го Антропол преку Google 
