Апасиев: Додека мене ми ги отфрлаа пријавите за закани по животот и семејството, за „Мицика“ цело МВР и ОЈО се ставија на нозе

Лидерот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, обвинува за двојни стандарди во постапувањето на институциите кон политичарите кои се соочуваат со закани. Апасиев потсетува дека како опозициски пратеник добивал, како што наведува, сериозни закани по живот, тело и семејство од радикални структури, но неговите кривични пријави во два наврати биле отфрлени од обвинителка од ОЈО Скопје.

Апасиев реагира дека денес, за случајот со заканите кон премиерот, институциите реагираат многу поостро, со притвори и активирање на МВР и Обвинителството. Тој најавува дека ќе ја пронајде сопствената кривична пријава и ќе ги спореди двата случаи, за, како што вели, да се види „како мери и премерува“ Обвинителството.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Мене пред некоја година, како тогашен опозициски ПРАТЕНИК, муџахедини ми се закануваа по живот, тело и фамилија – па една обвинителка од ОЈО Скопје (забраам и го името, ќе го најдам по списиве), во два наврата, ми ја отфрли кривичната пријава онака лежерно, демек: – „Тоа е друже, ти сам си одбрал да се бавиш со политика“!?

Ама еве сега #Мицика го ОПЦУЛ сочно некој пијаница, и одма сега притвори, затвори, чуда, врагови… Цело МВР и ОЈО на нозе! Да не биде покусо од Митко Јанчев, де, каде за една пијана пцовка после две ракии ги апсат таму со началникот кавадаречки сите пијаници.

p.s. Ај баш деновиве, пошто сега ме испровоциравте, ќе ја најдам пријавата моја и ЌЕ СПОРЕДИМЕ за какви реални закани од радикални структури, скопското Јавно обвинителство не отвори постапка (против моите заканувачи), а за какви „закани“ отвори (против заканувачот на премиерот). Чисто да видите како мери и премерува Обвинителствово наше затуцанко…