Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи, информираше дека поднел нова кривична пријава за „неизвршување судска одлука“ против членовите на Прекршочната комисија при Државната комисија за спречување на корупцијата. Како што наведува Апасиев, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претходно утврдила дека врз него била извршена директна дискриминација врз основа на политичка припадност, додека Управниот суд го поништил спорното решение на Комисијата. Според него, и покрај судската одлука, членовите на Прекршочната комисија повторно донеле исто решение, поради што најавува и тужба за надомест на штета, како и иницирање дисциплинска постапка.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
Јас си стојам на Зборот.
Па затоа, денес поднесов нова кривична пријава за „НЕИЗВРШУВАЊЕ СУДСКА ОДЛУКА“ против членовите на Прекршочната комисија при Антикорупциска, за кои Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека извршиле директна дискриминација спрема мене врз основа на политичка припадност (со ускратување на уставно загарантираното право на учество во постапката и правото на правен лек) + во судска постапка трочлен судски совет при Управниот суд им го поништи Решението, ама овие факмани повторно си го донесоа истото, покажувајќи му среден прст на правосудството и елементарно правно незнаење.
Следно е и едно тужбиче за оштета до дотичниве партиски пацови + иницирање на дисциплинска постапка за изрекување глоба поради неследење на задолжителните напатствија на Судот.
p.s. Претседателе на ДКСК, опрај си ги неспособниве плс, ве брукаат у етер. А за ова, ќе се видиме со тебе и на пратенички прашања наредниов период.
Следи го Антропол преку Google 
