(ВИДЕО) Капитенот Ѓорѓиев на Бугарите им одговори на англиски јазик

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Ѓорѓи Ѓорѓиев одби да одговора на бугарски јазик на новинарските прашања, по завршувањето на натпреварот во Софија, во кој Македонија беше поразена од Бугарија со 0:3.

По мечот, бугарски новинар побара изјава од Ѓоргиев во микс-зоната, но македонскиот репрезентативец се одлучи изјавата да ја даде на англиски јазик, иако македонскиот капитен добро го владее јазикот на нашиот „источен сосед“ поради тоа што има шестгодишно искуство во бугарскиот одбојкарски шампионат.

Моментот предизвика реакции на социјалните мрежи во Бугарија. Дел од националистичките профили на социјалните мрежи го критикуваа Ѓоргиев затоа што не зборуваше на бугарски јазик, но сепак нашиот капитен  ја почитуваше инструкцијата на Европската одбојкарска федерација изјавите во микс-зоната да се даваат на англиски јазик.