Трамп им вети по 5.000 долари на Американците – изборен поткуп вреден илјадници милијарди долари

Претседателот ветувањето го даде на конвенцијата на Републиканската партија велејќи дека  благодарение на економската сила на земјата, тој ќе ја исплати таканаречена „Трампова дивиденда“ доколку неговата партија ги освои и Претставничкиот дом и Сенатот.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави исплата од 5.000 долари за секој возрасен Американец, доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по изборите во ноември.

Претседателот ветувањето го даде на конвенцијата на Републиканската партија велејќи дека  благодарение на економската сила на земјата, тој ќе ја исплати таканаречена „Трампова дивиденда“ доколку неговата партија ги освои и Претставничкиот дом и Сенатот.

Единствениот услов, според него, е средствата да бидат потрошени во  Соединетите Американски Држави.  Сепак, начинот на спроведување на ваквата мерка, како и нејзината правна оправданост, засега остануваат нејасни.

Според пресметките, ваквата идеја би чинела околу 1,35 билиони долари, имајќи предвид дека во САД има приближно 270 милиони возрасни жители.

Трамп во својот говор, кој траеше речиси два часа, се постави во центарот на изборната кампања.

„Ве молам однесувајте се како моето име да е на гласачкото ливче“, порача претседателот.

Тој предупреди дека доколку иднината на Америка им биде препуштена на „радикалните левичарски демократи“, земјата ќе ги потроши следните десет години обидувајќи се повторно да застане на свои нозе.

Во говорот Трамп дополнително ја бранеше  војната против Иран.  Според него, наредил напад со цел да се спречи развојот на иранско нуклеарно оружје.

Тој исто така изрази уверување дека цените на нафтата ќе почнат да паѓаат веднаш штом САД ќе ја добијат војната.

Сепак,  конфликтот не покажува значителни знаци на завршување ниту шест месеци по првите американски напади. Експертите оценуваат дека иранската нуклеарна програма не е уништена, додека Техеран и натаму негира дека се стреми кон создавање нуклеарно оружје.