Стерјовски за албанската телевизија СОТ7 рече дека бугарската политика кон овие подрачја се засилила откако Бугарија стана членка на Европската Унија.
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски тврди дека Бугарија сака Преспа, Гора и Голо Брдо, области на Албанија населени и со Македонци, да ги претстави како бугарски области. Тој смета дека зад политиката стојат старите „санстефански“ концепции, а како главни инструменти ги посочува бугарските пасоши, потврдите за потекло и донациите.
Стерјовски за албанската телевизија СОТ7 рече дека бугарската политика кон овие подрачја се засилила откако Бугарија стана членка на Европската Унија. Притисокот, според него, особено се зголеми пред Албанија да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.
Тој како клучен момент го посочи признавањето на бугарското малцинство во Албанија во 2017 година. Тврди дека Софија ја условила Тирана со нејзиниот европски пат.
– Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија – изјави Стерјовски.
Бугарското малцинство тогаш влезе во албанската законска рамка со измените на Законот за заштита на националните малцинства. За измените гласаа и власта и опозицијата.
Следи го Антропол преку Google 
