Хутите го зазедоа пристаништето Мука, во Јемен, откако по офанзивата на нивните сили од пристанишниот град се повлекоа провладините и просаудиските сили.
Мука е исклучително важно пристаниште и има голема стратешка важност, а особено е битен и за движењето на трговските бродови по Црвеното Море, бидејќи се наоѓа северно од Баб ал-Мандаб Теснецот.
Според извештаите од теренот, Хутите ја ставиле под контрола целата територија на Мука, а под притисок на нивната офанзива се и градовите на Лах и Аден, каде нивните противници барем привремено се засолнија.
Граѓанската војна во Јемен трае од 2014 година.
Следи го Антропол преку Google 