Адвокатот и советник во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, реагира на најавите за начинот на финансирање на прославата по повод 35-годишнината од независноста на државата, обвинувајќи ја власта за лицемерие и погрешни приоритети. Стеваноски посочува дека, според него, милионски средства за организацијата се обезбедуваат преку Државната лотарија, додека истовремено нема доволно средства за субвенции, земјоделците погодени од временски непогоди и пожари, како и за зголемување на платите и пензиите.
„Ги потрошиле 4-5 милиони евра за организација на прославата за независноста“, пишува Стеваноски, критикувајќи ја изјавата дека организацијата ќе чини „0 денари“ бидејќи проектот се финансира од општествено одговорна компанија. Тој оценува дека зад ваквото претставување на трошоците се крие несоодветно прикажување на јавните расходи, додека државата, како што наведува, се соочува со сериозни економски проблеми и растечки долг.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
Ги потрошиле 4-5 милиони евра за организација на прославата за независноста на државата, ги исплатила Лотарија на Македонија оснивана со 100% државен капитал, и со сиот ум премиерот излегува и вика:
“Организацијата ќе чини 0 денари, сиот проект се финансира од опшествено одговорна компанија?”
Овој, со сиот ум мисли дека води душевна болница наместо држава со народ бе, а народот очигледно го третира како “ИДИОТ”.
Нема пари за субвенции, корекција на откупни цени во земјоделието, нема ни обештетување на погодените од временските непогоди и пожарите, државата заглавена во кредити со историски 12 милијарди, нема покачување на плати и пензии, АМА има за “игри” за народот.
Секоја чест дупење еј, ама и ние крепење, па, па, па….
Следи го Антропол преку Google 
