„Француски траги – Лична историја на гледањето“ е насловена изложбата од мултимедијалниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ што ќе биде отворена денеска во 17 часот во Француски институт во Скопје. Модератор е Владимир Јанчевски, кустос.
Изложбата е своевидна лична мапа на сеќавања, влијанија и творечки референци. Преку своите дела, Јовановиќ ги истражува трагите што француските уметници, поети, музичари, филмски автори и мислители ги оставиле врз неговиот творечки пат и врз начинот на кој го гледа светот.
– Од надреализмот и Андре Бретон, до музиката, филмот, фотографијата и поезијата — изложбата ги поврзува различните уметнички медиуми преку личното искуство и сеќавање.
Во излогот на Францускиот институт, овие влијанија се претвораат во личен визуелен архив, но и во своевиден автопортрет на авторот – на неговите погледи, сеќавања и творечки сојузништва – велат од Францускиот институт.
Изложбата ќе биде претставена и во рамки на Денот на отворени врати на Францускиот институт, кој ќе се одржи в четврток (10 септември). Посетата е бесплатна, но потребна е претходна резервација на овој линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSewJNOnSh4gJiZ1eHc2RqzHlMQqi5qHuOJsprVay1wYmovhJQ/viewform
Следи го Антропол преку Google 
