Советничката група на Левица во Советот на Општина Кисела Вода поднесе иницијатива за доделување општински градежни парцели по цена од едно евро за квадратен метар за млади брачни парови, повеќедетни семејства и самохрани родители.
Од Левица велат дека наместо декларативни апели за зголемување на наталитетот, потребни се конкретни мерки што ќе им овозможат на младите семејства да создадат сопствен дом и да обезбедат поголема егзистенцијална сигурност.
Предлогот предвидува парцелите да се доделуваат преку јавен повик, со јасно утврдени критериуми и транспарентна бодовна листа. Како приоритетна категорија се издвојуваат семејствата кои немаат сопствен дом.
Од советничката група посочуваат дека општинското земјиште треба да се користи во интерес на граѓаните и решавањето на нивните станбени потреби, наместо да биде предмет на шпекулации и профитерство.
„Помалку апели. Повеќе домови. Повеќе сигурност. Повеќе деца“, порачуваат од Левица, нагласувајќи дека политиките за наталитет мора да бидат проследени со конкретна социјална и станбена поддршка за младите семејства.

Следи го Антропол преку Google 
